еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Србија се подготвува за изградба на граничниот премин Миратовац-Лојане со Македонија

Српската републичка дирекција за имот го огласи претходното соопштение за датумот за распишување на тендерот за изработка на планска документација за седум гранични премини, меѓу кои е и граничниот премин Миратовац-Лојане со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Тендерот се планира да се распише на 9 мај, а како што соопшти бизнис порталот Екапија, станува збор за граничните премини Јаша Томиќ, Калуѓерово, Келебија, Ѓердап 1, Јабука, Љуба и Миратовац-Лојане.

Сите споменати гранични премини се веќе постоечки, па се претпоставува дека за нив ќе се направат проекти за реконструкција, освен за граничниот премин Миратовац-Лојане, кој целосно треба да се изгради.

На крајот на 2019 година Србија и Северна Македонија потпишаа договор за воспоставување нов заеднички граничен премин Миратовац-Лојане.

Во февруари минатата година, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија прави се за да го отвори новиот граничен премин Миратовац-Лојане, дека има значителен интерес од Албанците кои живеат од другата страна на српската граница овој премин да се отвори, „но дека тоа е не е едноставна и лесна работа“.

– Не поради политички причини, туку затоа што треба секојдневно да плаќате луѓе кои ќе работат, тоа се наши зголемени трошоци, а ние бараме да ги намалиме трошоците, но не грижете се и таа работата ќе ја завршиме, кажа Вучиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија на Македонија ќе и даде 8.000 вакцини од „Фајзер“ по набавна цена

Редакција

Македонија, Србија и Црна Гора потпишаа Договор за размена на податоци за имот на јавните функционери

Редакција

(Фото-галерија) Илјадници насмевки на историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас

Редакција