еМагазин
Image default
Балкан

Српски инфектолог вели дека целата земја е жариште

Српскиот инфектолог Мијомир Пелемиш изјави дека стекнувањето колективен имунитет не е решение, туку решението го гледа во вакцина доколку, како што рече, коронавирусот не исчезне сам од себе.

Пелемиш, кој е член на Кризниот штаб на Владата на Србија за сузбивање на заразната болест Ковид-19, за телевизијата Прва изјави дека стекнувањето колективен имунитет е ризик, посочувајќи дека не е можно да се процени како ќе се манифестира вирусот кај секој поединец.

Според него, не е можно да се утврди колку време вирусот останува во телото откако некое лице е изложено на новиот коронавирус.

Говорејќи за почитување на актуелните мерки и препораки, Пелемиш изјави дека мерките сè уште не се почитуваат доволно, но дека граѓаните стануваат се повеќе дисциплинирани.

– Србија е целосно жариште, не знаеме кој го има вирусот, а кој не. Ние би го знаеле тоа доколку ги тестираме сите жители на Србија, но тоа е невозможно, рече инфектологот, додавајќи дека вирусот е присутен, особено во затворен простор.

Тој посочи дека коронавирусот е присутен на секое место во Србија и дека граѓаните треба да го спречат ширењето на болеста со почитување на сите мерки и препораки на Републичкиот кризен штаб.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екстремисти планираат насилни протести во Србија

Редакција

Најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, зголемени контролите на сите излезени точки од Грција

Редакција

„Европејка во Белград“: Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан се вакцинираше против Ковид-19 во Србија и напиша одлична колумна

Редакција