еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ поднесе до премиерката Ана Брнабиќ неотповиклива оставка, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во светот на катаклизмична трагедија која ја задеси нашата држава и граѓаните и граѓаните во ОУ „Владислав Рибникар“, користам можност уште еднаш во неискажана болка да изразам најдлабоко сочувство на најмилите на настраданите, малите ангели да почиваат во мир и Господ да ни е на помош, ова никогаш повеќе да не се повтори, порача во оставката Ружиќ.

Драматичните слики на настаните, солзите при изразувањето на сочувство, наведе тој, доживотно ќе ги носам како печат на душата.

-Како одговорен човек, воспитан, професионален во извршувањето на своите јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, врз основа на  член 23 од Законот за Влада, донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка на местото министер за образование во Владата на Република Србија, стои во оставката на Ружиќ.

МИА/Фото: Фејсбук/Ружиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш

Редакција

На факултетите ќе има настава со физичко присуство

Редакција

Суспендирани двајца доктори и дисцплински за девет вработни по скандалот во болницата во Битола

Редакција