еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Српските туристи летово ќе добијат 200 илјади картички за бесплатна патарина во Македонија, одлучи Владата

Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година, информираат од Владата.

“Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард.

Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Република Северна Македонија преку Граничниот премин Табановце“, велат од Владата по денешната седница.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бонуси за мерак! Топ тикети во Sport Life

Редакција

(Видео) Во Штип направена шопска салата за светски рекорд: Tешка е над 300 килограми

Редакција

Обезбедени 187 единици конвалесцентна плазма, третирани околу 170 пациенти со Ковид-19

Редакција