еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 25 февруари

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 25 февруари.

Организациониот одбор на карневалот го објави плакатот за карневалот, но засега не се соопштуваат повеќе детали освен дека главниот настан-дефилето на карневалските групи од земјава и странство ќе се случи на 25 идниот месец.

Традиционално карневалските празнувања во Струмица траат повеќе денови во кои се организираат најразлични настани, а вообичаено карневалот почнува со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.

Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

Годинава Прочка е на 26 февруари (недела), кога традиционално се одржува Детскиот карневал.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села

Редакција

Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња, изјави Мицотакис

Редакција

Распродажба во УЈП: Запленети автомобили, камиони, машини по багателни цени

Редакција