еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк, велат од МОН

Студентите кои аплицираа на повикот на Министерството за образование и наука (МОН) за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари, информираат денеска од МОН.

Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

-Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса [email protected], појаснуваат од МОН.

Потсетуваат дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска “Политика“: Красимир Каракачанов „живее во концептот од 19 век“

Редакција

Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100, вели Јолевски

Редакција

Пановски: Злоупотребата со рекламирање на производи продолжува, не ги богатете криминалците, ги поткупуваат тие што треба да не заштитат

Редакција