еМагазин
Image default
Македонија

Судија-поротник позитивен на Ковид-19, објавата на пресудата за предметот „Топлик“ одложена за 5 април

Објавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од Обвинителството означен како „Топлик“ закажана за денеска, се презакажува за 5 април, 2022 година од 13:00 часот во Судница 1, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Како што се наведува во соопштението од Судот, причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судечкиот совет, судија – поротник го известил судот дека е позитивен на Ковид – 19 вирусот и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита.

Првоосомничен во предметот е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој според обвинението, како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Арачиново раскажа кој го натепа

Редакција

Во ГОБ „8 Септември“ потешка клиничка слика имаат 30 пациенти: Примени 20 нови, хоспитализирани 109

Редакција

Објектот е купен со кредит што ќе го отплаќаме 20 години, реагираат од „ЕТЦ травел“ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција