еМагазин
Image default
Македонија

Судската драма на актерката Стојановска продолжува, Обвинителство ја обжали ослободителната пресуда

Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење на организиран криминал и корупција ја обжали ослободителната пресуда за актерката Силвија Стојановска за учество во шверц на дрога, која претходно ја донесе Основниот кривичен суд, пренесува Фокус.

Денеска во скопска Апелација се одржа седница по однос на жалбата со која се бара да биде укината пресудата и предметот да биде вратен на повторно судење.

Вишото јавно обвинителство предложи да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство како основана.

Според жалбата на ОЈО, во ослободителната пресуда е погрешно утврдена фактичка состојба и пресудата е нејасна.

Апелација има законски рок од 60 дена да се произнесе по жалбата поднесена од Обвинителството.

Пред да биде донесена ослободителната пресуда во септември минатата година, Апелација донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако првично Стојановска беше осудена на три ипол години затвор поради шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Актерката Силивија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за учество во меѓународен шверц на кокаин

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција

Столтенберг: НАТО подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом се имплементира Договорот од Преспа

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни имоти и во град Скопје, директорите на средни училишта кријат имот

Редакција