еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Загрижени сме за недостигот од нови ефикасни антибиотици

Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за бавниот глобален развој на нови ефикасни антибактериски лекови.

Тие лекови се неопходни за решавање на проблемот со растечката отпорност на патогени микроби на лекови. Како што е наведено во извештајот на организацијата објавен во Женева, ниту еден од 43-те антибиотици кои моментално се подложни на клинички испитувања, доволно не го решава проблемот.

„Светот се уште не успева да развие многу потребни антибактериски третмани, и покрај зголемената закана од антимикробна резистенција“, соопшти СЗО.

Според авторите на извештајот, речиси сите нови антибиотици, пуштени на пазарот во последниве децении, се варијации на класата антибиотици, откриени во осумдесеттите години од минатиот век.

Во последниве години, регулаторите одобрија само неколку антибиотици. Сепак, повеќето од нив имаат ограничена клиничка корист во споредба со постоечките третмани. А, 82 проценти од нив се добиени од постоечки класи на лекови против кои патогените микроби имаат развиено отпорност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четирите окупирани украински региони денеска ќе бидат припоени кон Руската Федерација

Редакција

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица

Редакција

Израел го бомбардираше и јужниот дел на Газа, каде претходно натера да се евакуираат 1,1 милион Палестинци, има загинати

Редакција