еМагазин
Image default
Локално

Таксист истепал гевгеличанец во Скопје

На 06.09.2018 година во 00.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.Е.(24) од Гевгелија пријавил дека на 05.09.2018 година околу 23.35 часот на бул.„3 -та Македонска Бригада“ во Скопје физички бил нападнат од такси возач од непозната такси компанија, информира МВР.

Според пријавителот, тој претходно се возел во такси возилото „Форд“ на релација од Зелен Пазар до Ново Лисиче. На наведената локација му рекол на таксистот да застане, а откако му рекол дека сметката е голема му дал повеќе пари и излегол од возилото и притоа посилно ја затворил вратата. После тоа, такси возачот излегол и физички го нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж во Катланово почина откако падна во необележана шахта

Редакција

Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Редакција

Тепачка во Битола

Редакција