еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Теламон-Европа“ го пушти во употреба вториот производствен погон

Компанијата „Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот, втор производствен погон со површина од 2.100 m2 во кој во изминатиов месец беше инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија, со капацитет за производство од 10.000 единици на ден, информираат од таму.

Дополнително, во завршна фаза е и конфигурацијата на втора производна линија, со капацитет за производство од 2.500 единици, која ќе биде оперативна најдоцна до септември 2023 година.

Со овој деловен потег, „Теламон“ вработува вкупно 250 лица. Со инвестицијата, до крајот на 2023 година, капацитетот на производството на „Теламон – Европа“ ќе се зголеми на 10 милиони единици, планирани до крајот на 2023 година.

Досегашната инвестиција на „Теламон“ од 5 милиони евра се зголемува и со оваа нова производна единица компанијата книжи вкупна инвестиција во државата од 8 милиони евра.

„Отворањето на новата линија и погон е дел од нашата долгорочна деловна развојна стратегија. Со пуштањето на овој погон, недвосмислено ја потврдивме нашата ориентација – преку Македонија, опслужување на Европскиот пазар и достигнување на светските компании од авто-мото индустријата.

Со негување на култура на развој, ориентирана кон пласман на производство согласно деловните потреби на нашите клиенти, подготвени сме за нови деловни подвизи и уште повеќе достигнувања,“ изјави Георги Тренкоски, плант менаџер, во „Теламон – Европа“.

Покрај директната финансиска инвестиција, „Теламон – Европа“ на годишно ниво, по основ придонеси и даноци, во буџетот уплаќа над 400 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави примања имале членовите на Управниот одбор на струмичко Единство лани

Редакција

(Фото) Бизнисменот Светозар Јаневски одликуван со највисокиот француски орден

Редакција

Нови 1.254 случаи на Ковид-19 од 5.082 тестирања, 169 се реинфекции

Редакција