еМагазин
Image default
Македонија

Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Украина ја има нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со неговиот украински колега Денис Шмигаљ, при што му ја изрази поддршката на Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, соопшти владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, премиерот Ковачевски порачал дека Македонија ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

– Во телефонскиот разговор со премиерот на Украина, Ковачевски ја оцени постапката на Русија како директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и како флагрантно кршење на меѓународното право, се додава во соопштението.

Ковачевски на Шмигаљ му пренел дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

– Претседателот на Владата Ковачевски за време на разговорот потврди дека Северна Македонија е усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО во однос на санкциите кон Руската Федерација, како одговор на нејзините непринципиелни постапки, се нагласува во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Тодоровиќ не е повеќе во домашен притвор, прв ги почуствува поволностите од измените на Кривичниот законик

Редакција

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Орбан, му изразил загриженост за криминалите и скандалите на Владата на Заев

Редакција

И децата кои немаат здравствено осигурување или немаат одбрано матичен лекар, ќе може да се вакцинираат

Редакција