еМагазин
Image default
Бизнис

Телеком: Се поставува опрема од најновата генерација за 5Г услуги, досега покриени 11 градови

Телекомуникациската компанија Телеком денеска соопшти дека продолжува со активности за поставување 5G мрежа на целата територија на државава. Во тек е, информираат, интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство.

Од август досега покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште две во јужниот дел: Гевгелија и Дојран.

-Со планираните активности до крајот на годината, 20 проценти од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги.

За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години, посочуваат од Телеком.

Најавуваат дека ќе понудат 5G услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

-Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават животот во сите сфери.

Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: интернет на нештата, паметни сензори и вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др.

Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени, најавува телекомуникациската компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г мобилна мрежа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ повторно ја „стресе“ берзата: Продаден блок акции за 572.000 евра

Редакција

Видео-платформата JW Player ја купи македонската компанија InPlayer

Редакција

Во јули минимално зголемен бројот на работници во индустријата

Редакција