На 06.10.2020 во 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, непознато возило удрило во пешакот Н.Т.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата, информира МВР.
Во незгодата, Н.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.