Вчера околу 11.00 часот од страна на вработени во затвор Тетово при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С.(61) од село Мала Речица, тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин,информира МВР.
По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.