еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Тетовски нуркачи учествуваа во еко-акција за вадење неколку тони отпад од Јадранското море во Шибеник

Членови на Македонско-хрватското друштво (МХД) и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ од Тетово минатата недела беа дел од еколошката акција во Хрватска, каде се собрани неколку тони отпад од Јадранско море.

Еко акции биле спроведени во Молунат и Шибеник.

– Овој пат имавме вкупно четири нуркачки активности, на повеќе локации, меѓу кои и во подводната пештера кај Молунат. Ние учествувавме со шест членови на друштово и клубот „Пена“.

При главната еколошка акција во Шибеник, собрани беа неколку тони отпад од морето, од различен вид: пластични шишиња, стакло, автомобилски гуми, тоалет-школки и др, информира Горан Видачек, претседател на МХД.

Делегацијата на МХД при неколкудневната посета на Хрватска оствари и повеќе средби со претставници на тамошни клубови и организации, гостуваа на изложба и промоција на книга.

МИА/Фото: Photo by Joseph Northcutt on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби

Редакција

(Галерија) Запленето поголемо количество на гуми во Горно Нерези, кои со горење ќе ги труеле граѓаните

Редакција

Поставен вреќест филтер во Пејпер Мил: Се намалуваат емисиите во воздухот три пати под дозволените гранични вредности

Редакција