Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци во првото полугодие има зголемување на вкупните приходи за 17% во однос на истиот период од минатата година, а на трошоците на продадени производи зголемување од 18%, при што е остварена бруто добивка во износ од 437,3 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Административните трошоци бележат зголемување за 19%, а трошоците за продажба и маркетинг за 26%.
Со оптимизација на останатите оперативни расходи и зголемени останати оперативни приходи за 26 милиони денари, остварена е оперативната добивка во износ од 132,7 милиони денари и нето добивката пред оданочување во износ од 119,5 милиони денари, што претставува зголемување за 163% во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци
Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш
Фото: Тиквеш