еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Видео) Заедничка обука на силите за специјални операции на Македонија и Грција

Операции на копно и во вода, борбено пливање и нуркање биле вклучени во заедничката обука на силите за специјални операции на Македонија и Грција, што од 10 до 21 јули се одржала во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчката национална одбрана соопштија дека заедничката обука е во рамките на нивниот план за меѓународни соработки, од Грција учествувале тимови за специјални операции со пловни средства, а од Македонија 12 припадници на силите за специјални операции.

-Учеството на вооружените сили во конкретната заедничка обука е во рамките на имплементацијата на Програмата за воена соработка за 2023 година меѓу Грција и Северна Македонија и имаше за цел зајакнување на борбениот капацитет и оперативната готовност на учесниците, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана.

Обуката се одржала во Центарот за обука на специјалните сили во Неа Перамос во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и во поморското подрачје во истиот дел.

Од Генералштабот на грчката национална одбрана објавија и фотографии и видео од обуката на силите на двете земји.

МИА/Фото/Видео: Генералштаб на грчката национална одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вашигтон ги повика Софија и Скопје да ја деескалираат реториката и да ги решат билатералните спорови

Редакција

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

Редакција

Ковачевски бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Броило“, не прецизирајќи дали ќе тужи

Редакција