еМагазин
Image default
Бизнис

Тиквеш со зголемена добивка во првите девет месеци

Вкупните приходи на Тиквеш АД Кавадарци во првите девет месеци од годинава забележаа зголемување за 45% во однос на истиот период од минатата година, а трошоците на продадени производи зголемување за 52%, при што се оствари бруто добивка во износ од 642,8 милиони денари, информираат од винарската визба преку Македонската берза.

-Останатите трошоци  исто така бележат зголемување, административните за 36%, трошоците за продажба и маркетинг за 34%, останатите оперативни расходи за 47% и финансисите за 3%, што резултира со оперативната добивка во износ од 92,8 милиони денари и нето добивката пред оданочување во износ од 79,7 милиони денари, што претставува зголемување за 5% во однос на истиот период од минатата година.

Заклучно со третиот квартал од 2022 година се остварија вложувања во материјални средства од 73,8 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Тилев и Зоран Јовановски, нови членови на Управниот одбор на Тиквеш

Тиквеш со добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акција на Интерпол спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска во Македонија

Редакција

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 17 милиони евра за шест месеци

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Erbelt” вреден 4,5 милиони евра

Редакција