еМагазин
Image default
Македонија

Тодоров бара средба во Општинскиот комитет Карпош за да ја каже својата страна

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, за кој Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побара да биде исклучен, преку својот Фејсбук профил бара средба во Општинскиот комитет Карпош за да ја каже својата страна

“До Претседателот на ОК Карпош,

Audiatur et altera pars!

Имам право на тоа. Ако барем малку верувате во четирите свети букви.

ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска.

Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете мојте. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа.

Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете мојте аргументи, и потоа да ја донесете одлуката.

Да те потсетам Тони, и во социјализмот/комунизмот постоеше и се применуваше ова правило во сите случаи освен кога стануваше збор за политички ликвидации и политички монтирани случаи. ВМРО се бореше против тоа и за жал и самото беше жртва на таквите политички ликвидации и конструкции.

Лошо и недозволиво е што и денес, во слободна, суверена, самостојна и демократска Македонија треба да се бориме против истото. Но не е тешко, ништо не е тешко кога се бориш за татковината, ќе се изборам.

Во очекување на позитивен одговор,

Те поздравувам

П.С. Го барам ова јавно, бидејќи се чуствувам слободен и бескрајно верувам во демократските принципи на кои се темели мојата партија“, пишува Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Тодоров: Не се пронаоѓам во антизападно ВМРО-ДПМНЕ

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надвор од болница починале 49 лица заболени од Ковид-19

Редакција

Нови 682 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје 317

Редакција

Благосостојбата на нацијата е меѓузависна и од просперитетот на Ромите

Редакција