Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесувала 29.839 денари.
Според податоците на ДЗС, најниска нето просечна плата во февруари е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 16.534 денари, следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 18.035, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 18.092, па Производство на облека – 19.673 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 20.230 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 5 највисоки нето плати во февруари
Колку изнесува највисоката бруто плата во февруари
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.