еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Товарниот железнички сообраќај стартува, а патничкиот од вторник, прекинат бојкот

Товарниот железнички сообраќај е во функциија од синоќа, а патничкиот ќе биде од вторник следната недела, договориле вчера машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието.

Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие.

– Бојкотот е прекинат б,идејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.

Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„УНИ Банка“ ја зголеми добивката

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 11,4 милиони евра за шест месеци

Редакција

Твитер го „подбра“ Филипче: „Не излегувајте кога е загадено, јадете ГМО“

Редакција