еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија во тетовско: Гром усмрти 25-годишно момче во месноста „Карабунар“

Дваесет и пет годишниот Е.О. од тетовско Долно Палчиште вчера бил пронајден починат.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во 19:25 часот било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден Е.О., кој бил усмртен од удар на гром.

-Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

МИА/Фото: Photo by Michał Mancewicz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починати 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.274

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во скопските училишта, велат од МВР

Редакција

Доктор Пановски: По прележан Ковид-19, количината на антитела не е битна и не треба да се проверуваат за да се види „колкав ми е имунитетот“

Редакција