Тренерот на Дејан Георгиевски, кој освои сребро во таеквондо, Дарко Костовски, се огласи на Фејсбук по повод одлуката на Владата да им додели парична помош како награда.
„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.
Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост.
За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал,“ пишува Костовски на Фејсбук.
Дејан ќе слета од Јапонија утре во 14.30 часот, а пречекот ќе биде на Плошад, Порта Македонија во 19.30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри
Прв медал за Македонија по 21 години: Сребро за Георгиевски на Олимписките игри во Токио
Фото: Фејсбук/Костовски