еМагазин
Image default
Македонија

Трет пакет економски мерки: Младите ќе добијат ваучери за партиципација на факултет и за ИТ обуки

Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со корона вирусот.

Како што објави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Оливер Спасовски, третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Една од мерките предвидува помош за над 100.000 млади луѓе во износ од 12 милиони евра.

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет, како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Мерката за млади вклучува и ваучери од 30.000 денари за кофинансирање обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади, со што ќе бидат финансиски поддржани да стекнат знаења и вештини од областа за информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување.

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 – 10.000 млади до 29 години и е во вредност од три милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе подели ваучери од 6.000 денари на 100.000 граѓани за одмор во Македонија

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 447 случаи на Ковид-19 од 3.034 тестирања

Редакција

Ревакцинирани вкупно 259.894 граѓани: 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Во Струмица денеска рекордни 21 новозаболен од Ковид-19

Редакција