еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Три стипендии од ЕВН-Македонија за студенти на УКЛО-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола-УКЛО во рамки на соработката со соработката со ЕВН-Македонија денес доби три нови сипендии за студенти од Електротехничкиот отсек при Техниччкиот факултет-Битола.

Стипендиите ќе се користат во академската 2020-2021 година, со што, уште еднаш се потврди квалитетот на кадрите кои се продуцирани од нашиот универзитет, истакна проректорот Марјан Ѓуровски на промотивниот настан во Битола.

„Ваквата успешна соработка со оваа реномирана компанија, воспоставена е уште во 2011-та година со потпишувањето на Меморандум за соработка, а од академската 2011/2012 година започнува и процесот на стипендирање на студенти на нашиот универзитет.

На ваков начин, УКЛО во соработка со бизнис заедницата, ги мотивира студентите за постигнување на повисоки резултати и им отвора можност за нивно професионално надградување. Во рамките на оваа активност е и реализацијата на практикантска работа, што им овозможува на студентите поблиску да се запознаат со работата на компанијата“, посочи проректорот Ѓуровски.

УКЛО-Битола негува соработка со бизнис заедницата од градот и државата во функција на студентите од тој универзитет беше нагласено за време на доделувањето на три стипендии за битолските студенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ организира натпревар за дизајн, на тема одржливост

Редакција

Седум години „Лице в лице“

Редакција

(Фото) Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители: Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија

Редакција