еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Триглав комплет +, нов осигурителен пакет на пазарот

Триглав Осигурување воведе на пазарот нов пакет производи, Триглав комплет +. Триглав комплет + обезбедува врвна заштита за најважните аспекти од животот, нудејќи притоа можност за заштеда и до 40%, бидејќи обезбедува подобри услови, отколку кога осигурувањата би се склучиле поединечно.

Триглав комплет + е пакет наменет за сите, кои сакаат безбедност за себе и за своите најблиски. Врвната здравствена заштита што ја нуди Триглав Осигурување, во овој пакет е надополнета со осигурување на дом и каско осигурување за автомобили, а притоа обезбедува заштеда и до 40%.

Пакетот Триглав комплет + ги вклучува следните видови на осигурувања:

-Доброволно приватно здравствено осигурување

-Каско осигурување на автомобили

-Осигурување на дом

Пакетот дополнително вклучува и здравствено – патничко осигурување, како и автомобилска асистенција, пакет Комфорт.

Триглав комплет + е индивидуален и семеен пакет, поточно може да се користи за индивидуална употреба, како и за целото семејство, зависно од потребите, а овозможува во пакетот да се вклучат и тековни осигурувања.

„Триглав комплет + е резултат на фокусот на компанијата на потребите на клиентите, кои сакаат да ги заштитат најважните аспекти од животот за себе и за своите најблиски. Овој пакет на многу едноставен начин обезбедува сигурност и притоа нуди заштеда. Развојот на вакви иновативни решенија е една од глaвните причини за задоволството и лојалноста на клиентите на Триглав Осигурување, бидејќи нуди вредност и го подобрува квалитетот на нивниот живот. Факт е дека на осигурувањето не мислиме често, но секој ден живееме со спокојот што ни го дава, а тоа нашите клиенти умеат да го ценат”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три ученички од Скопје ќе се школуваат во „НОВА“ со целосни стипендии „Борис Трајковски“

Редакција

LIVSANE караванот носи живот полн енергија низ цела Македонија

Редакција

dm ќе донира повеќе од 3 милиони денари за реализација на шест проекти за унапредување на женското здравје

Редакција