еМагазин
Image default
Македонија

Кај Миравци пронадејни 14 мигранти

Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија – Скопје.

Како што соопшти МВР, полицијата најпрво го забележала, а потоа и тргнала по возилото „Хонда“ во кое биле мигрантите. Се движело кон Скопје со голема брзина, имало скопски регистарски таблички, а со него управувал Р.Ф. (41) од скопското село Сингелиќ. Во еден момент, „хондата“ застанала, мигрантите излегле од неа, по што продолжила да се движи, но за кратко време е сопрена.

Р.Ф. е лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, мигрантите се преземени за натамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Скопје, Шилегов позитивен на корона вирусот

Редакција

Членот на Судски совет, Зоран Теофиловски обвинението против него го смета за монтирано

Редакција

Во последните три дена: 180 нови случаи на Ковид-19, оздравени 153, нема починати

Редакција