Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира тројца нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Како што соопшти Министерството за здравство, оздравени се 34 пациенти.
– Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска извршени се 27 тестирања, од кои – 22 преку „Мој Термин“ и пет тестирања извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.605, а во моментов активни се 190 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19
Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини
Починаа четири нови лица од Ковид-19 од Виница, Охрид и Струга
МИА/Фото: Општина Куманово