еМагазин
Image default
Локално

Тројца прилепчани краделе од станови во Струмица

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера (03.02) приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“. На 03.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информира МВР.

„Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела „тешка кражба“ извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари.

По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден (04.02) лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги нападнале во автобус на ЈСП

Редакција

229 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење, 17 без возачка

Редакција

Девојката која загина во скопски Карпош била од Радовиш, ја прегазил 22-годишно момче од Скопје

Редакција