еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројцата директори на М-НАВ треба да и реферираат на Владата во врска со конкурсот за контролори на летање

Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада, рече Ковачевски одговарајќи на прашањето што ќе преземе Владата по последните случувања со конкурсот на контролори на летање во МНАВ, на отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Нагласи дека од тоа што директорите ќе го кажат на Влада ќе зависат следните чекори што ќе се преземат.

Раководството на М-НАВ АД Скопје вчера го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција и даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) кој изрази сомнеж дека има планови за поништување на огласот, бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери, најави дека ќе бара одговорност за случувања со кои сметаат дека се нарушил кредибилитетот на нивната професија.

Од УО на М-НАВ вчера во соопштени наведоа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот ќе бара одговорност од менаџментот на М-НАВ за скандалот со огласот за контролори на летање

Управниот одбор на М-НАВ се предомисли, избраните контролори на летање ќе бидат вработени и пратени на обука

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе жени, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новозаразените со корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Средба без Ковачки: Мицкоски се сретна со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Редакција

Највисоки просечни нето-плати во јуни

Редакција