еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Никогаш не сум пробала смоки, децата ме исмеваат поради сиромаштијата, вели 12-годишната Кети, чие семејство живее во очајни услови

Семејството Николовски живее во очајни услови во кратовско планинско село.

Во семејството кое ја сподели својата приказна за емисијата „Срце на дланка“, која се емитува на телевизијата Алфа, има три деца.

-Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли.

Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели 12-годишната Кети Николовски.

Со градот ги спојува неасфалтиран и ископан пат, по кој не поминува автобус. Поради ова, најголемиот син Марио и таткото Благе, и да најдат, не можат да стигнат на работа.

Мајката Мери е постојано со Лука (10), кој не е самостоен поради природата на неговата болест.

Петчленото семејство живее од 6.000 денари – толку направила државата за болниот Лука. Јадат леб и вода, млеко од стоката или сирење, а ако некогаш им се посреќи може да си дозволат макарони.

Едвај постигнуваат за сметки и скромно јадење, а камо ли за лекување на малиот Лука.

Се надеваме наскоро ќе има конкретни начини како да му помогнеме на оваа семејство, па ќе информираме како да го направите тоа.

Засега можете да помогнете преку жиро сметката:

Целата сторија ОВДЕ.

Видео: ТВ Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Судски совет тврдењата на холандскиот амбасадор биле неосновани

Редакција

Миле Зечевиќ останува во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Редакција