еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најголем дел од граѓаните не би гласале за никој, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Анкета на Институтотот за истражување на политики и добро владеење од Скопје, покажува дека најголем дел од граѓаните – 29,4 отсто, не би гласале за ниту една партија доколку следната недела би имало парламентарни избори.

Највисок рејтинг има опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која води пред СДСМ со 19,5 отсто поддршка наспроти 12,6 отсто.

Во анкетата, 3,2 отсто од граѓаните рекле дека би гласале за Левица.

Во т.н. албански блок најмногу гласови би добила ДУИ – 5,3 отсто, за Алијанса за Албанците би гласале 4,5 отсто, за БЕСА – 2,4 отсто, а за Демократското движење – 1,8 отсто од испитаниците.

Од другите одговори на испитаниците, на истото прашање, 4,5 отсто рекле дека би гласале за друга партија, а исто толкав процент рекле и дека не знаат или немаат одговор.

Дури 11,4 отсто од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого би гласале.

Анкетата е спроведена телефонски, во периодот помеѓу 5 и 9. ноември 2023 година, на репрезентативен примерок на ниво на Македонија.

Истражувањето, како што велат од Институтот, било реализирано на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници со што се запазени репрезентативните карактеристики на населението. При реализација на анкетата се внимавало на демографските специфики на населението, како етничката припадност, полот, местото на живеење и изборните единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните не веруваат во ниту еден политичар, Мицкоски со најголем рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на производите може да се намалат од сабота, доколку пратениците утре ги изгласат законските измени за ДДВ и акцизата

Редакција

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

Редакција

На погребот имало 200 лица: Епидемиолошки анкети од семејство на починат од Ковид-19 ќе се земат во асистенција со МВР

Редакција