еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните не веруваат во ниту еден политичар, Мицкоски со најголем рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Најголем дел од испитаниците – 40,5 отсто, во анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење од Скопје, рекле дека не веруваат во ниту еден политичар.

Води лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 16,9 отсто, наспроти 9,1 проценти што ги има претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

По Мицкоски и Ковачевски, е претседателот на државата Стево Пендаровски, кому му веруваат 6,1 отсто од испитаниците.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има доверба од 5,1 отсто, а по него е првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Изет Меџити има доверба од 2,1 отсто, а лидерот на БЕСА, Билал Касами – 1,9 отсто.

На поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, му веруваат 1,5 отсто.

Одговорот дека не знаат во кој политичар имаат доверба го дале 3,3 отсто од испитаниците, а 4,5 отсто рекле дека веруваат во некој друг.

Анкетата е спроведена телефонски, во периодот помеѓу 5 и 9. ноември 2023 година, на репрезентативен примерок на ниво на Македонија.

Истражувањето, како што велат од Институтот, било реализирано на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници со што се запазени репрезентативните карактеристики на населението. При реализација на анкетата се внимавало на демографските специфики на населението, како етничката припадност, полот, местото на живеење и изборните единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од граѓаните не би гласале за никој, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Редакција

(ВИДЕО) „Жива е Македонија“: Новите табли на спомениците од античкиот период обоени со спреј

Редакција

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Редакција