еМагазин
Image default
Бизнис

Трошоците за струја му ја намалија добивката на Македонски телеком

Нето добивката на Македонски телеком АД Скопје за 2022 година е намалена за 5,7% во споредба со претходната година и изнесува 1.500.279 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во 2022 година на компанијата е намалена за 3,4% во споредба со претходната година, главно како резултат на глобалните економски трендови и значајното зголемување на цената на електричната енергија, велат од таму.

-EBITDA маргината во 2022 година е намалена и изнесува 38,8% во споредба со 42,2% на крајот од претходната година.

Доколку се исклучат трошоците за електрична енергија, EBITDA во 2022 година би била зголемена за 5,1% во споредба со претходната година, додека EBITDA маргината би изнесувала 43,9% и би била на исто ниво споредено со минатата година (43.9%).

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) во 2022 година е зголемена за 4,8% во споредба со претходната година, велат од компанијата.

Приходите од продажба на крајот од 2022 година изнесуваат 11.769.333 илјади денари, што претставува зголемување за 4,9% во споредба со претходната година.

На пазарот на мобилната телефонија компанијата има удел на пазарот од 48,6% (интерна проценка, споредено со 49,8% на крајот од претходната година).

-Базата на претплатници на крајот од 2022 година изнесува 1.268 илјади претплатници и е зголемена за 4,3% во однос на претходната година.

Приходите од говорни услуги (малопродажба) како и неговорни мобилни услуги на крајот од 2022 година бележат зголемување од 6,9% во споредба со претходната година. Зголемувањето главно произлегува од поголемиот број на пост – пејд претплатници и зголемувањето на приходите од роаминг заради намалувањето на рестрикциите поврзани со Ковид – 19 пандемијата, а од друга страна пак има намалување на приходите од при-пејд главно заради миграција на претплатниците од при-пејд во пост-пејд како и помал обем на користење на говорни услуги во при-пејд сегментот.

Зголемени се и приходите од неговорни услуги, главно како резултат на зголемени приходи од мобилен интернет заради зголемено користење на пакетни тарифни модели со вклучени неговорни услуги како и зголемен GPRS сообраќај од роаминг, велат од компанијата.

Приходите од говорни услуги – големопродажба на крајот од 2022 година бележат намалување од 12,4% во споредба со претходната година.

-Комбинираниот ARPU (просечниот приход по корисник) од говорни и неговорни услуги бележи намалување од 3,9% во споредба со претходната година, достигнувајќи 372 денари главно придвижен од помалиот обем на користење на говорни услуги во при-пејд сегментот.

Македонски телеком успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 61,5% (интерна проценка, споредено со 62,5% на крајот од претходната година), односно 225 илјади корисници на крајот од 2022 година, велат од компанијата.

Приходите од говорни услуги од малопродажба во 2022 година во фиксниот сегмент се намалија за 3.8% во споредба со претходната година поради намалениот појдовен сообраќај за 28,7%.

-На крајот од 2022 година бројот на корисници на фиксна телефонија (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) бележи благо зголемување за 0,3% споредено со претходната година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) на крајот од 2022 година е зголемен за 2,9% и изнесува 226,6 илјади во споредба со 220,1 илјади на крајот од претходната година. Бројот на претплатници на широкопојасен интернет (без големопродажба) на крајот од 2022 година е зголемен за 3% и изнесува 203 илјади во споредба со 197 илјади на крајот од претходната година, велат од компанијата.

Уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од 2022 година изнесува 49,7% (интерна проценка, споредено со 49,8% на крајот од претходната година).

-Инвестициите во оптичката мрежа резултираат во континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од 2022 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 274 илјади пристапи до оптика што е за 11% повеќе споредено со претходната годи на.

Во однос на ТВ пазарот, Македонски телеком има лидерска позиција со 33,6% (интерна проценка, споредено со 34.5% на крајот од претходната година) удел од вкупниот ТВ пазар. IPTV (дигитална телевизија преку Интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, е одлично прифатена на пазарот и Македонски телеком на крајот од 2022 година оствари зголемување на бројот на корисници на IPTV (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 1,2% во споредба со претходната година што резултираше со база од 148 илјади корисници на крајот од 2022 година, велат од компанијата.

Приходите од малопродажен Интернет на крајот од 2022 година се зголемени за 4% во споредба со претходната година.

-Приходите од дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од 2022 година се зголемени за 0,9% во споредба со претходната година.

Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од 2022 година се зголемени за 35,8% во споредба со претходната година како резултат на зголемените приходи од ИКТ проекти, главно како резултат на проектот за паметно осветлување и платформа за дигитален град.

Приходите од продажбата на опрема на крајот од 2022 година се зголемија за 12,8% во споредба со претходната година како резултат на зголемувањето на приходите од продажба на мобилни апарати на рати заради поголемата просечна продажна цена поддржано од ефектот од алокација на приходите според МСФИ 15, велат од компанијата.

На страната на трошоците, на крајот од 2022 година оперативните расходи бележат зголемување од 5,2% во споредба со претходната година, што во најголем дел се должи на зголемувањето на трошоците за набавна вредност на трговски стоки и трошоците за суровини и други материјали (кои ги вклучуват трошоците за електрична енергија), посочуваат од таму.

-Трошоците за вработени се намалени за 1,9% на крајот од 2022 година во споредба со претходната година како резултат на намалените трошоци за плати заради намалениот број на вработени компензирано со зголемувањето на трошоците за отпреминини во согласност со новата програма за доброволно заминување од Компанијата.

Трошоците за набавна вредност на трговски стоки се зголемени за 25,5%, во линија на зголемените приходи од продажба, додека трошоците за суровини и други материјали каде се вклучени и трошоците за електрична енергија, се зголемени за 169% на крајот од 2022 година во споредба со претходната година, доминантно поради зголемување на цената на електричната енергија како резултат на глобалните движења на цената на електричната енергија.

Расходите за услуги со карактер на материјални трошоци се намалени за 8,7% на крајот од 2022 година во споредба со претходната година. Трошоците за амортизација се намалени за 8,1% на крајот од 2022 година во споредба со претходната година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од 2022 година изнесуваат 4.164.954 илјади денари, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има повеќе претплатници во мобилната телефонија, Македонски телеком или А1 Македонија

Македонски телеком има поголеми приходи од А1 Македонија во мобилната телефонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителите од Охрид се пишманија за најавите за самоиницијативно уривање на дивоизградените платформи на брегот на езерото

Редакција

Генералниот директор на Макошпед лани имал плата од 1,2 милион денари бруто

Редакција

За прехранбените компании кои не ги намалија цените потрошени 1,5 милиони евра за субвенционирана струја, пари на граѓаните

Редакција