еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Труења во Хрватска предизвикани од газирани пијалоци

Скандал со газирани пијалоци ја тресе Хрватска. Неколку лица со повреди во системот за варење се примени во болниците во Риека, Вараждин и Загреб, откако конзумирале вакви пијалоци.

Надлежните институции ги утврдуваат причините за труењето, кое наводно настанало како последица на пиење на два производи на Кока-кола.

Компанијата привремено повлекува една серија Coca-Cola Original Taste, како и две ограничени серии Römerquelle Emotion Blueberry Pomegranate.

Од таму тврдат дека интерната анализа не покажала неправилности во производството или производите, и додаваат дека повлекувањето ќе биде до завршување на официјалната истрага.

Од Хрватскиот завод за јавно здравство велат дека „најверојатно станува збор за некои корозивни средства и најважно е да се утврди дали постои некое страно тело во тие пијалоци, бидејќи пијалокот сам по себе и целата содржина која е внатре не може да предизвикаат такви повреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврдат од АХВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова „тура„ избегани работници од Непал, овојпат од хотел во Охрид

Редакција

Регионот да соработува, за да се одржи стабилното снабдување на храна, порачаа министрите за земјоделство на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово

Редакција

„Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 14.572 акции на ОКТА

Редакција