еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка ќе дели дивиденда од 67 денари по акција

Една од точките за престојното Собрание на акционери на ТТК Банка е и исплата на дивиденда, соопшти Банката преку Македонската берза.

Според предлог-одлуката вкупната сума за оваа намена е во бруто-износ од 60.828.496 денари.

-Дивидендата за 2022 година ќе се исплаќа во акции преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите, сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина, а дел во пари (на трансакциски сметки на акционерите).

Банката, во согласност со важечката регулатива, од бруто-износот на дивидендата: при исплата на физичките лица ќе задржи и ќе уплати данок на личен доход, при исплата на правните лица ќе задржи и ќе уплати данок по задршка каде што е применливо.

Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 67 денари, односно 6,7 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка лани со зголемена добивка

ТТК Банка со зголемена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Вистински попусти во Солун

Редакција

Oд 21 јануари кафулињата и рестораните ќе работат до 21 часот

Редакција

Министерството за образование и наука вработува девет лица, плата до 38.689 денари

Редакција