еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Туристка загина откако карпа падна врз хотел во Крит, 10-годишниот син изваден од рушевините со повреди

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот. Животот го загуби 45-годишната жената, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во спасувачката акција учествувале 50 пожарникари со 20 возила, спасувачки екипи волонтери и претставници од општините и било извлечено безживотното тело на жената.

Акцијата за пронаоѓање траела над четири часа, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни. Според командантот на противпожарната служба на Крит, Јоргос Цикалакис, на полноќ добиле повик за пад на карпата врз хотел по што веднаш почнала акцијата.

МИА/Видео: ANA-MPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Редакција

(ВИДЕО) Снег во Словенија и Италија, невреме во Хрватска

Редакција

(ВИДЕО) И Заев во кампањата на Ципрас за изборите за Европскиот парламент

Редакција