еМагазин
Image default
Македонија

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

„Движење за враќање на Македонија на Македонците“ донело решение за бојкот на одредени медиуми чии што гласила, нивни сопственици, уредници и новинари ги прогласија за непријатели на македонсиот народ.

Во нивното соопштение велат дека од телевизиите тоа се „24 Вести“, „Канал 5“, „Канал5+“ „Телма“ и
„1ТВ“. Од интернет порталите Призма БИРН, ПлусИнфо, Слободен Печат, Либертас, Окно. Од весниците „Слободен печат“ и „Независен весник“.

Од таму повикуваат  да се избегнува нивното следење, гледање, општо било какво користење,  да не им се даваат интервјуа, да не им се испраќаат соопштенија, да се бара од спонзорите да ги повлечат спонзорствата, да се бојкотираат сите други нивни дополнителни дејности.

„Наброените гласила јавно се изјаснуваат за поддржувачи на предавничките „договори“: т.н. преспанскиот, “договорот за добрососедство” со Бугарија, законот за јазици (двојазичност) и се поддржувачи на окупациска Управа предводена од Намесникот Зоран Заев“, се вели во соопштението за оваа одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деспотовски и Ременски остануваат партиски соработници на Ковачевски

Редакција

За убиството на докторот Ацо Трпковски извршен разговор со над 15 лица, прегледани и над 40 видео снимки

Редакција

Жена од Тетово се претставувала како вработена во Владата и нудела услуги за вработување за пари

Редакција