еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Tри маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена, заради маржите

Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите. Освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети.

Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто.

„Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се постојано на терен, контроли спроведуваме континуирано и така ќе продолжиме,“ информираше тој на прес-конференција.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6. март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места.

Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 28-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 9 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

Извозот во првите шест месеци со пораст од 26,5 проценти

Редакција

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Редакција