еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Уапсен легендарниот Мишел Платини

Поранешниот фудбалер и екс-претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, е уапсен за наводни нерегуларности и корупција при доделувањето на организацијата на Светското фудбалско првенство (СП) на Катар, пренесуваат светските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека Платини е приведен како дел од истрагата која го разгледува доделувањето СП 2022 година на Катар.

Платини негира дека направил било какви нерегуларности и презема правни дејствија за клевета и лажни обвинувања.

Поранешниот фудбалер беше избран за претседател на УЕФА во 2007 година, а на функцијата остана до 2015 година, кога доби забрана за вршење на функцијата од Комитетот за етика на ФИФА за серија прекршоци на нивните правила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Објавен огласот, кој може да аплицира за субвенции за печки на пелети?

Редакција

(Фото+видео) Феноменален изглед на главниот град со „Скопје лајт арт дистрикт“

Редакција

Поскапе ли рускиот гас во Македонија?

Редакција