Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 09.03.2026 година во 17:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје лишиле од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на скопски Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 година вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.
-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од таму.
Фото: Unsplash














