На денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на шест лиценци за одгледување на медицински канабис.
„Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија.
Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци“, истакна на денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис
Од денеска контроли во 43 фирми кои добиле лиценци за медицинска марихуана
Фото: Unsplash














