На 31.12.2018 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.(25) од Скопје, поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „Убиство“ казниво по член 123 од КЗ на РМ, информира МВР.
На 28.12.2018 година околу 21,30 часот на улица „Шарпланинска“ во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „Црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д.(38) од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „Пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот.
Пријавениот појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28.12.2018 година во 21,00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати (22.12.2018 и 27.12.2018) му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле.
Пријавениот С.П. е лишен од слобода.