еМагазин
Image default
Забава

Јубилејно реиздание на „Homebound“ на Кирил Џајковски

Јубилејното реиздание на ремек делото „Homebound” на Кирил Џајковски, кое излегува на 13 ноември, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум, со своето појавување во 1999 година дефинираше нов музички правец во кој традиционалната музика и современата електроника живеат во совршена хармонија.

Оригинално објавен под тогашното уметничко име на авторот, Кирил, „Homebound” беше подеднакво
фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од downtempo, world music, breakbeat и drum’n’bass.

Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радио станици и со тоа значително го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Дваесет години подоцна, оваа исклучителна колекција од современа музика останува да биде скапоцено сведоштво за едно време кога музиката беше забавна и авантуристичка, но истовремено и длабока и полна со значење.

Речиси е неверојатно што покрај тоа што беше футуристички и авангарден во времето кога се појави, „Homebound” остаре прилично достоинствено, па звучи извонредно свежо и релевантно цели две децении по првото објавување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кајли Џенер го покажа деколтето „вредно“ над милијарда долари

Редакција

(Видео) Нов хит на Дац и Александар, “Воли ме сакај ме”, која е позадината на песната

Редакција

(Фото) Сара Мејс објави фотографија од бебето

Редакција