еМагазин
Image default
ЖИВОТ

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Поројните врнежи што ја зафатија државата ако локално се поинтензивни и во форма на невреме може да предизвикаат слевање вода во градските средини и излевање на помалите реки. Но, нема опасност од излевање на поголемите реки, соопшти Упрвата за хидрометеорлошки работи (УХМР).

Според Управата, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На одредени места се најавуваат локални поројни врнежи и над 30 литри на метар квадратен.

-На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата.

Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.

Претходно УХМР инфомираше дека до осум часот изутрина се измерени 59 литри на метар квадратен наврнат воден талог во период од 24 часа во Демир Капија, во Скопје Петровец 54, во Охрид 50, Пожаране 41.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Симптоматски пациенти тргнати од Мој Термин, како ќе ги изрегулираме боледувањата, настанува целосен хаос

Редакција

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски позитивен на Ковид-19: Во изолација и неговата сопруга

Редакција

Денеска почнува зимата

Редакција