еМагазин
Балкан

Ѓукановиќ за случајот „Пандора документи“:„Нема ништо незаконско со компанијата, тоа е монтирана афера“

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не направил ништо незаконско кога ја основал компанијата надвор од границите на Црна Гора во 2012 година, наведувајќи дека тоа е уште една монтирана афера.

Како што пренесува Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), Ѓукановиќ рекол дека го покажал својот став кон државата во „долги години борба за неа“.

Во Словенија, каде што се одржува Самитот на Европската унија-Западен Балкан, тој одговори на наводите на меѓународните истражувачи за случајот „Пандора документите“.

– Не би имал ништо ново да кажам на оваа тема, во однос на она што го кажав на тимот истражувачки новинари, кои се занимаваа со оваа тема, и соопштението од мојот кабинет по оваа, уште една во низата монтирани афери, рече Ѓукановиќ.

Според него, станува збор за „уште една конструкција, уште една исконструирана афера“, која, како што рече, треба да служи за домашни политички потреби.

Тој рече дека спорната регистрирана компанија не отворила ниту банкарска сметка и затоа не можела да стори ништо и била затворена многу брзо по нејзиното формирање.

Според него, ниту тој, ниту неговиот син никогаш не направиле ништо на штета на државата Црна Гора, за разлика од оние кои, како што рече, „се обидуваат да започнат афера и без аргументи да ме заковаат на столб на срамот“.

Невладината организација МАНС во неделата објави дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар.

Според МАНС, Блажо Ѓукановиќ ја искористил таа структура за да формира две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

МИА/Фото: Фејсбук/Ѓукановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 900 земјотреси ја погодиле хрватска Банија, се отселиле речиси 3.000 луѓе

Редакција

(Видео) Србија денеска ќе застане: На генерален штрајк студенти, уметници, медиуми, адвокати…

Редакција

Нови правила за влез во Грција од утре: ПЦР-тестирањето за деца ќе почнува од 12-годишна возраст, а ќе се влегува и со брз антигенски тест

Редакција