еМагазин
Image default
Балкан

Над 900 земјотреси ја погодиле хрватска Банија, се отселиле речиси 3.000 луѓе

Подрачјето на Банија, во централна Хрватска, од земјотресот на крајот на декември минатата година, со јачина од 6,2 степени, регистрира повеќе од 900 последователни потреси, поради што речиси 3.000 луѓе се иселија од таа област.

Од нив, два земјотреса беа со јачина од 5 до 6, 13 биле со интензитет од 4 до 5, 101 земјотрес со јачина од 3 до 4 и 814 потреси со јачина од 2 до 3 степени според Рихтеровата скала, објави загрепски Вечерњи лист.

Досега се пријавени 38.000 оштетени објекти, од кои 99 проценти биле во областа Петриња и Глина, додека 92 проценти во Сисак.

Регистрирани се и 109 дупки на површина од 360 хектари.

Вкупно 2.861 лице се иселило од погодената област, пишува весникот. Најмногу од Петриња – 1.388, нешто помалку од Сисак – 1.136, од Глина 177 лица и од други места 160.

МИА/Фото: Црвен крст на РСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Состојбата во Западен Балкан е многу сериозна

Редакција

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Редакција

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Редакција