еМагазин
Image default
Локално

Маж на 48-годишна возраст загина во сообраќајка кај Струмица

Едно лица загина попладнево во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај.

Настанот го потврдија од СВР Струмица, од каде информираат дека во несреќата учествувале автомобил и камион, а животот го загубил маж на 48-годишна возраст.

Повеќе детали најавуваат по завршувањето на увидот.

Од струмичката болница потврдија дека бил донесен маж без знаци на живот со тешки повреди на главата.

Во автомобилот имало уште едно лице, но тоа не е повредено.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца „рипнале“ да го тепаат по сообраќајка во Прилеп

Редакција

Штета од околу 180 илјади денари: Опожарен кајакарски клуб во Долна Матка

Редакција

Убиен скопјанецот Камер Идризи, а негов роднина се бори за живот на Клиника по синоќешното пукање во Бутел

Редакција