еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) вчера ги објави “Пандора документи“, збирка од околу 12 милиони документи, кои откриваат дека светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Во проектот учествуваат 150 медиуми ширум светот, а дел од истиот е и истражувачкиот центар Мрежа за афирмација на невладиниот сектор (МАНС).

МАНС објави дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските девствени острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

Во базата на податоци на ИЦИЈ од 14 офшор агенции е и Алкогал, водечка адвокатска канцеларија во Панама со канцеларии во познати офшор дестинации, вклучително и Британските девствени острови, преку кои, како што објави МАНС, се водел бизнисот на семејството Ѓукановиќ.

Во документацијата на таа панамска компанија, МАНС пронашла заверени копии од договорите за воспоставување доверба што Мило и Блажо Ѓукановиќ ги склучиле на 21 јуни 2012 година со CM Skye 2 (PTC) Limited, регистрирани на Британските девствени острови.

Во документите се наведува дека Ѓукановиќ формирале трустови со цел планирање на наследството и заштита на имотот, додека изворите на средства се приход од нивната кариера и профит од инвестиции.

Ова се неотповикливи трустови, кои им овозможуваат на вистинските сопственици да го заштитат својот скриен имот, дури и кога тоа е предмет на судска постапка или побарувања на доверители.

По објавувањето на сторијата со реакција се јавија од Кабинетот на Ѓукановиќ:

„Најновата јавна емисија на невладината организација МАНС, наречена „Пандора Папири“, е само уште една во серијата обиди да се дискредитира претседателот на Црна Гора и членовите на неговото семејство, на која МАНС залудно работеше со години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пандора документи“: Српскиот министер за финансии, Мали, купил 24 стана на Црно море во Бугарија

Фото: Фејсбук/Ѓукановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собраниската комисија изгласа да се почне со уставни измени

Редакција

Највисоки просечни нето плати во мај

Редакција

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Редакција